Во склоп на проектната документација за проектот за “Реконструкција на “Кеј Македонија“ – Охрид“, подготвена е Студијата за Оценка на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти (ОВЖССА) за истиот проект.
Заинтересираните граѓани, правни и физички лица можат да ја погледнат електронската верзија на Студијата на web страната на општина Охрид, а печатената верзија може да се најде во одделението за заштита и влијание врз животна средина при Секторот за урбанизам и заштита на животната средина.
Сите забелешки и сугестии во однос на содржината на ОВЖССА Студијата се добредојдени и истите можете да ги испраќате на e-mail: urbanizam@ohrid.gov.mk или по пошта на следната адреса општина Охрид, ул.Димитар Влахов бр.57,Охрид кои ќе бидат анализирани од консултантскиот тим и надлежните служби во Општината.
Студијата ќе биде достапна за разгледување и доставување коментари во рок од 30 дена од денот на нејзиното објавување. |