Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕБАТА ЗА НОВИОТ СИСТЕМ НА НАПЛАТА ПРИ ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ
Untitled Document

Утре со почеток во 19 часот во големата сала на општина Охрид ќе се одржи јавна дебата на која ќе се расправа за новиот систем на наплата за зонското паркирање на возила во градот.

Во вториот дел од дебатата ќе има прикажување на дел од микро симулацијата која се однесува на сообраќајот во централното градско подрачје. Преку прикажување на реалната сообраќајна слика ќе се дискутира за изнаоѓање најсоодветни решенија и спроведување мерки со цел да се надминат сообраќајните проблеми и потешкотии.

На настанот се очекува присуство на градоначалникот Јован Стојаноски, претставници од Секторот за комунален развој, патишта и сообраќај при општина Охрид, претставници од ЈП „Билјанини извори“ кое стопанисува со паркинзите и изработувачот на сообраќајната симулација.

(Претходно: ОПШТИНА ОХРИД ПРИСТАПУВА КОН НОВ НАЧИН НА НАПЛАТА ЗА ПАРКИРАЊЕ ВОЗИЛА)

Прочитано:  1405  пати
Објавено на: 30.05.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©