Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
БАКРАЧЕСКИ ГО ПРИМИ ИТАЛИЈАНСКИОТ АМБАСАДОР
Untitled Document

Денес во протоколарна посета на Општина Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески го прими италијанскиот амбасадор, Карло Ромео. Градоначалникот Бакрачески го запозна високиот гостин со актуелната ситуација со Општина Охрид и активностите на градската власт. Амбасадорот Ромео ја истакна подготвеноста на Италијанската амбасада да учествува во поддршката на културните манифестации и промоција на Охрид, како  и поттикнување на културната соработка помеѓу Македонија и Италија. На средбата Бакрачески ја посочи одличната соработка со италијанскиот град Исео, во заедничкиот проект на градови со езера, при што амбасадорот Ромео истакна  дека италијанската амбасада несебично ќе го помогне концертот што идната година ќе се одржи во Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1366  пати
Објавено на: 18.07.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©