Градоначалникот Никола Бакрачески, за граѓаните од муслиманска
вероисповест, утревечер ( 21.06.2017 г.) со почеток во 20 часот, на
плоштадот Крушевска Република, организира Ифтарска вечера. Во името на
соживотот, мирољубието и човекољубието, градоначалникот Бакрачески упатува
јавна покана до сите граѓани од муслиманска вероисповест да дојдат на
Ифтарската вечера. На вечерата, на покана на градоначалникот Бакрачески ќе
присуствува и евроамбасадорот Самуел Жбогар.
Извор: www.ohrid.gov.mk |