Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НОВИ ВД ДИРЕКТОРИ ДОБИЈА ДЕЛ ОД ОХРИДСКИТЕ ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ВОСПИТНО ОБРАЗОВНИ УСТАНОВИ
Untitled Document

Со одлука на градоначалникот на Општина  Охрид,  Јован Стојаноски, од денес  четири  јавни претпријатија во градов,  две основни училишта и детската градинка  „Јасна Ристеска“ добија нови  Вршители на Должност.

За ВД директор во ЈП „Билјанини извори“ е назначена Гордана Јованоска, a на оваа позиција во „Ниско Градба“  е поставен  Гоце Ѓоршески.  ВД директор на ЈП „Охридски Комуналец“ е Лупчо Грданоски, а во   ЈП „Градски Пазар“, Кристина Крлеска-  Деспотоска.

За ВД директор во ОУ „Св. Климент Охридски“ е поставена Наташа Танеска која доаѓа на местото на Јордан Пуроски, а  Елена Ел- Нади е новиот ВД  директор на ОУ„Ванчо Николески“ и доаѓа на местото на Жаклина Трипунова.

Од денес нов ВД директор  на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ е Мери Рилкова  и доаѓа на местото од Роза Костеска.

  Наредниве денови ќе  бидат објавени  имињата на новите вршители на должност на МЈП „Проаква“ и на ЈП „Градски гробишта“ како и  на останатите воспитно-  образовни установи во градов.

Прочитано:  1435  пати
Објавено на: 10.11.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©