На конкурсот „ И јас умеам да штедам“ , еден од вкупно 24 наградени беше и Бојан Палоски, ученик во V ( петто ) оделение во ОУ “ Св. Наум Охридски “ од с. Пештани- Охрид. Тој наградата ја освои во категоријата ликовна творба.
Наградите беа доделени вчера во Скопје во Министерството за финансии. На конкурсот, по повод Светскиот ден на штедењето, учествуваа 780 деца, кои испратија ликовни и литературни творби на тема штедење и осигурување.
Наградите на учениците им беа доделени од страна на министерот за финансии Драган Тевдовски, гувернерот на НБРМ Димитар Богов и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски кои им се обратија на присутните наградени ученици, наставници и родители и им порачаа дека финансиската едукација на населението, особено на најмладите треба да се поттикнува, бидејќи тоа е важно за стабилноста на финансискиот систем и просперитет на економијата.
|