Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ЧЛЕНОВИ НА УПРАВНИ И НАДЗОРНИ ОДБОРИ ВО ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ОСНОВАНИ ОД ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Општина Охрид објавува јавен повик за пројавување на интерес на лица за членови на управни и надзорни одбори во јавни претпријатија основани од општина Охрид.

Заинтересираните лица треба да ги исполнуваат следните услови:
-  да е државјанин на Република Македонија,
-  да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,
-  да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност со правосилна пресуд,
-  да има минимум три години работно искуство,
-  да поседува еден меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа за претседателот: ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL iBT) - најмалку 45 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 3.5 бода, ПЕТ (Cambridge English: Preliminary) - положен, БЕК П (Business English Certificatе: Preliminary) - положен или БУЛАТС (BULATS) - најмалку 40 бода, a за членовите: ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL iBT) - најмалку 30 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 3 бода, КЕТ (КЕТ) (Cambridge English) – положен или БУЛАТС (BULATS) - најмалку 20 бода и
-    да има положено психолошки тест и тест за интегритет.

Јавниот повик се однесува за членови на управни и надзорни одбори во:
-    ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид
-    ЈП „Градски пазар“ – Охрид
-    ЈП „Градски гробишта“ – Охрид
-    ЈП „Билјанини извори“ – Охрид
-    ЈП „Нискоградба“ – Охрид
-    МЈП „Проаква“ – Струга

Пријавите со потребните докази да се достават до архивата на општина Охрид најдоцна до 11.12.2017 година до 15:00 часот, со назнака „за јавен повик“.

Охрид, 07.12.2017 година

Прочитано:  1458  пати
Објавено на: 07.12.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©