Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МИРОТ
Untitled Document

Меѓународниот ден на мирот, 21. Септември денеска беше одбележан со мировен марш под мотото „ Заедно за мир- почитување, безбедност и достоинство за сите“ . Манифестација, што ја организира Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓание продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, со поддршка на општина Охрид и амбасадата на Руската Федерација, започна од пред седиштето на организацијата, движејќи се по кејот до градскиот парк, каде на бистите на паднатите борци во НОАВМ и илиденците, беа положени букети свежо цвеќе. На свеченоста што се одржа во Центарот за култура „ Григор Прличев“ се обратија заменик градоначалникот Ангел Јанев, потпретседателот на боречката организација Никола Стефаноски и почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид Велимир Стојкоски.

-На државите и нациите каде се водат војни им порачуваме, наместо со оружје и жртви, несогласувањата да ги решаваат со преговори, а господарите на војната мора да паднат и да се судат за нивните злосторства. Пораките за мир и меѓусебна соработка не треба да траат само еден ден, туку треба да станат секојдневие на човештвото.Тие пораки се посветени на иднината на човековата цивилизација, нејзината одржливост и сеопштиот напредок. Пораките ги упатуваме ние, со завет дека тоа ќе го прават и генерациите по нас.Порачуваме.Нека престанат војните. Нека победува доброто, а луѓето во светот нека живеат во мир, слобода и благосостојба- рече заменик градоначалникот Ангел Јанев.

Во културно-уметничката програма посветена на Меѓународниот ден на мирот, учествуваа ученици од ОУ „ Григор Прличев“ , ОУ „Братство- Единство“ , ОУ „ Христо Узунов“ и ОУ „ Живко Чинго“ .

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1421  пати
Објавено на: 21.09.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©