Општина Охрид доби нов европски грант од првиот повик на Програмата на Европската Унија- Interreg Balkan- Mediterranean 2014-2020 во висина од 169.000 евра за европскиот партнерски проект Inter Regional Cultural Heritage Management e- System (IRC- HERMES).
Проектот е одобрен после три фази на евалуација и строга селекција.
Главна цел на Проектот IRC- HERMES е дигитализација на културното наследство и ќе се реализира во места на УНЕСКО од повеќе балкански држави и тоа: Охрид Македонија, Крф Грција, Самос Грција и Ѓирокастра Албанија. Покрај документирањето и дигитализацијата, овој проект ќе опфати и заштита и промоција на културното наследство.
Водечки партнер на одобрениот проект е Универзитетот за технологија од Кипар, а покрај Општина Охрид, Општина Крф, Општина Самос, Општина Ѓирокастра, проектни партнери се и Истражувачкиот и иновативниот Центар од Атина и Организација за животна средина и култура од Грција.
Проектот го аплицираше и ќе го реализира Секторот за туризам и локален економски развој од Општина Охрид
Извор: www.ohrid.gov.mk |