Координативното тело за организирање на манифестациите поврзани со празникот „Богојавление – Водици“, денес, одржа работен состанок. На состанокот беше присутен и в.д. градоначалникот Константин Георгиески.
Традиционално и оваа година централната манифестација посветена на празникот е на 19 јануари. Одбележувањето започнува со утрински богослужби во парохиските цркви, додека спуштањето на Светиот крст во водите на Охридското езеро ќе биде од Градското пристаниште. Медицински тимови, спасителите на вода и нуркачите повторно ќе бидат задолжени за безбедноста на капачите.
На 20ти јануари, традиционално ќе се одбележи „Денот на рибарите“. И оваа година рибната чорба ќе биде подготвена од учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“.
Организаторите на манифестацијата, Општина Охрид и Македонската православна црква, во знакот на празникот „Богојавление - Водици“ дополнително ќе го украсат централното градско подрачје со знамиња и зеленило.
|