Општина Охрид распиша Конкурс за прибирање на барања за користење на
средства од буџетот на општина Охрид преку субвенционирање на трошоци за
користење на спортските терени на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид.
Целта на
оваа одлука е поттикнување на масовниот спорт и спортот воопшто,
поттикнување на здравјето на граѓаните, комуникацијата, соработката и
тимската работа како и создавање услови за живеење на младите кои
претставуваат движечка сила и промотор на новите вредности.
На конкурсот можат да аплицираат Здруженија на граѓани и Акционерски друштва
или друг облик согласно законската регулатива. Условите кои треба да ги
исполнат подносителите се пропишани во
Заинтересираните своите пријави можат да ги достават до Архивата на општина
Охрид – Ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, 6000 Охрид, најдоцна до 09.02.2018
година до 13 часот.
|