Општина Охрид традиционално и годинава ќе го реализира проектот „Цветни балкони - Цветен Охрид “
Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 500 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на улиците: „Железничка“, „Прилепска“, „Винковачка“, „Будва“ и „Кленоец“.
Акцијата ќе се реализира на 6 и 7 јуни( вторник и среда) 2017г.
Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардиниери со
цвеќе истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП Комуналец на 6 и 7 јуни (вторник и среда) 2017 г. од 9 до 13 часот, а со себе да носат лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.
Извор: www.ohrid.gov.mk |