Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СВИКАНА ДЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007,01/08,10/10,05/11,09/14 и 14/14), претседателот на Советот донесува:

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ДЕСЕТТАТА СЕДНИЦА   
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

ЈА СВИКУВАМ десеттата седница на Советот на општина Охрид на ден 08.05.2018 година (вторник) со почеток во 11:00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Предлог-програма за измена и дополнување на програмата за работа во областа на располагање на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2018.
  1. Предлог-одлука за  давање согласност на одлуката за измена на статутот на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид.
  1. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко - планска документација,со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр. 697/3 КО Трпејца.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател,
Живка Ангелоска

Прочитано:  1455  пати
Објавено на: 03.05.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©