Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРИСТИГНА ПРВАТА ГРУПА ТУРИСТИ ОД ТУРЦИЈА ВО ОХРИД
Untitled Document

Традиционално со воден мост, локум и торта вчера на охридскиот   аеродром  „Свети Апостол Павле“ , беше пречекана првата група од 180 туристи од  Турција што пристигна со чартер лет на авиокомпанијата „Онур Ер“ од Истанбул, а во организација на тур операторот Татилбудур.  

Добредојде на првите гости од Турција за сезоната 2018 им посакаа градоначалникот Јован Стојаноски ,министерот за транспорт и врски Горан Сугарески,  генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој и генералниот директор на „Онур Ер“,  Теоман Тосун.  

Според министерот Сугарески , директната авио линија до Истанбул   е во насока на дополнително унапредување и зајакнување на врските со турскиот народ.

- Во најскоро време ќе го објавиме јавниот повик за финансиска поддршка на нискобуџетни авиокомпании кои че понудат нови авиолинии, со што ќе овозможиме македонските граѓани да летаат по ниски цени кон многу метрополи, а охридскиот аеродром дополнително да го ставиме во функција, да ги искористиме неговите капацитети и да овозможиме што повеќе туристи да ја посетат Македонија. - рече Сугарески.

Новите сезонски летови  Истанбул- Охрид- Истанбул ќе функционираат секоја недела, во период од 15-ти април до 21 октомври. Времето на полетување од Истанбул ќе биде во 13 часот и 30 минути, а од Охрид кон Истанбул во 15 часот.  Ова лето се очекува во Охрид да пристигнат 4.500 гости  со 23 летови од Истанбул.

-Ова ќе биде значителен придонес за порастот на вкупниот број турски туристи овде, како и за развојот на туризмот на Охридското Езеро воопшто. Иако се организирани како туристички пакети, овие летови не се само туристички тури, туку и добра врска помеѓу двата града како за бизнис, така и за посети на роднини и пријатели. - изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Патниците на Онур ер, освен што ќе бидат во можност да остварат директен лет од Истанбул до Охрид, во Турција ќе имаат можност да летаат во 6 градови по пристапни цени, и тоа во: Адана, Алања-Газипаша, Анталија, Истанбул, Измир и Трабзон.

- Се надеваме дека ќе постигнеме успех во Охрид, заокружувајќи широк спектар на нашето културно наследство. Летовите треба да ги привлечат не само патниците кои живеат во Македонија, туку и оние кои живеат во соседната држава Албанија, а авио-картите можат да се купат преку нашата веб-страница, како и преку авторизираните агенции за продажба. -  изјави Теоман Тосун, Генерален директор на Онур ер.

Моментално за Охрид оперираат директни авионски линии од Базел, Цирих и Лондон што сообраќаат преку целата година. За престојната сезона покрај Истанбул најавени се летови од Варшава, Талин и Ајндховен, покрај постојните од Амстердам, Брисел, Тел Авив и Катовице.Oд есен ќе стартува редовна линија од Виена до Охрид 

Прочитано:  1480  пати
Објавено на: 16.04.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©