На спортското игралиште кај О.У. „Св. Климент Охридски“, денес, претставници на локалната самоуправа одиграа фудбал со охриѓани. Со настанот се промовираат здравите животни навики и спортувањето.
Детското и спортското игралиште се изградени со средства од Буџетот на Општина Охрид во износ од 1.697.824 денари. Детското игралиште е целосно опремено со реквизити и е поставена гумирана подлога, исто таква подлога има и спортското игралиште, каде се поставевени и спортски реквизити и изградени се трибини.
Извор: www.ohrid.gov.mk |