Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески во рамки на соработката на градовите кои се дел од проектите кои се реализираат во ''Мрежата на европски езера'' учевствуваше во презентирањето на двете нови програми кои ќе се реализираат во рамки на оваа меѓународна соработка чиј дел е и општина Охрид.
На работната средба во собраниската сала на општина Исео Италија, презентирани беа уште две европски програми во областа на културата и туризмот во кои ќе партиципира општина Охрид: PALCO и ROMANTIC ROOTS.
Заради грешка на организаторите во означувањето на името на нашата држава, Бакрачески во знак на револт го напушти столчето на работниот панел и побара од организаторите веднаш да се смени таблата пред него од погрешното во вистинското име МАКЕДОНИЈА. Откако тоа беше експресно направено Бакрачески се врати на своето место во панелот и активно се вклучи во дискусијата.
Извор: www.ohrid.gov.mk |