На барање на медиумската куќа „Europa Magazin“ од Брисел, градоначалникот
Јован Стојаноски, даде интервју во кое посебно се осврна на сегашната и
идната регионална, транс-гранична соработка помеѓу Македонија и Грција.
Општина Охрид како што рече градоначалникот Стојаноски успешно
имплементира неколку транс-гранични проекти со Универзитетот во Солун и
општината Воден, а е вклучена и во големите проекти за заштита на Охридско –
Преспанскиот биосферен резерват, како и управувањето со Дримскиот басен.
|