Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод големиот верски празник „Воскресение Христово- Велигден“ , упати честитка до сите граѓани од христијанска вероисповед, во која искрено посакува добро здравје, благосостојба и духовна радост.
-На овој голем христијански празник кога ја славиме победата на животот над смртта, на верниците од христијанска вероисповед им посакувам радост и верба во срцата, надеж, разбирање, меѓусебно почитување, солидарност и взаемно помагање- универзални вредности кои на секој човек му помагаат да ги надминува предизвиците и да ја гледа светлината на иднината.
Во миговите на чествувањето на најсветите и најдлабоките традиционални и духовни вредности, да им се восхитуваме на вистинските вредности и на вистинските луѓе околу нас. Во овие свети и велики денови, нека нашите мисли бидат посветени на меѓусебната бескрајна почит и разбирање, споделувањето на среќата и радоста, како и на љубовта и грижата кон најблиските.
Празнувањето на Воскресението Христово- Велигден, нека ни носи нова радост,среќа и бериќет, нека ни дава сила да се справиме со искушенијата, да се почитуваме и да ја градиме подобрата иднина- се вели во велигденската честитка на градоначалникот Никола Бакрачески.
Извор: www.ohrid.gov.mk |