Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОСКИ И МИНИСТЕРОТ ФАЗЛИУ ВО ПОСЕТА НА ГРАДИНКАТА „РАЗВИГОРЧЕ“
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид ,Јован Стојаноски заедно со Министерот за Локална Самоуправа  на Р. Македонија, Сухејл Фазлиу , градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески и претставници од Бирото за Регионален развој и   Центарот за Развој на Југозападниот плански регион попладнево  беа  на увид во детската градинка „Развигорче“ каде е извршена целосна реконструкција   на кровот.

Градоначалникот Стојаноски се заблагодари  на Министерот Фазлиу и на Министерството за Локална Самоуправа со чија помош се реконструира кровот во градинката но и се изгради патеката од Саат кулата до Горна Порта. 

Изразувам  голема благодарност за посетата но и за сета онаа соработка што ние како општина ја имавме  со Министерот за Локална Самоуправа,  Сухејл Фазлиу со целокупното министерство и со органите коишто се во рамките на  министерството за Локална самоуправа. Со нивна помош во текот на 2018 година ние реализиравме два  конкретни проекти. Едниот е во детската градинка „Развигорче“, а другиот е изградбата на пешачката патека од саат кулата до Горна Порта  каде што се потрошени четири милиони денари, а во рамки на детската градинка два и половина милиони денари. Секако со свои средства  колку што беше потребно учествуваше и општина Охрид. Втората димензија на среќата којашто ја имаме во моментов е што  се надевам дека во текот на 2019 година   на територијата на општина Охрид  успешно ќе бидат реализирани четири до пет проекти кои ќе бидат од големо значење за потребите  на граѓаните. Приоритетите коишто и оваа година беа дефинирани остануваат исти, а тоа се најчесто поврзани со енергетската ефикасност во рамки на училиштата и детските градинки, изработката на основните проекти за изградба на улици и локални патишта. Тоа всушност се  најголем дел оние најнеопходни,  најитни но и најбитни проблеми на нашите граѓани коишто локалната самоуправа треба да ги решава. Уште  еднаш ја изразувам својата благодарност  до министерот за поддршката, а се разбира и до Владата којашто проценува дека  е потребно зголемување на средствата за регионален развој - истакна градоначалникот Стојаноски .

Министерот за Локална Самоуправа,  Сухејл Фазлиу истакна дека ресорното министерство работи на континуирано зголемување на средствата кои ќе бидат наменети за реализирање на проекти  за рамномерен развој на општините.

-Министерството за Локална Самоуправа  во рамки на финансирањето на проекти за рамномерен регионален развој оваа година имаше зголемување на средствата во однос на 2017 година за 50 %. Ме радува фактот што за наредната 2019 година ќе имаме зголемување за уште 50 % што во споредба со 2017 година средствата се зголемени за 100 % -   рече Фазлиу и посочи дека за наредната 2019 година министерството за Локална самоуправа планира да направи една евалуација на Законот за рамномерен регионален развој  со цел да се утврди колку законот ги има постигнато целите за кој е и создаден .

Прочитано:  264  пати
Објавено на: 10.12.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©