Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14 и 14/14), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ДВАЕСЕТ И ПРВАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ дваесет и првата седница на Советот на општина Охрид на ден 28.12.2018 година (петок) со почеток во 11.00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на записниците од 18. 19. и 20. седница на Советот
- Предлог - програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2019 година.
- Предлог - програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2019 година.
- Предлог - програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за период 2019 - 2021 година.
- Предлог - програма за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за 2019 година.
- Предлог - програма за заштита на животната средина и природата за 2019 година.
- Предлог – програма за одржување на јавна чистота за 2019 година.
- Предлог - програма за подигање и одржување паркови и зеленило за 2019 година.
- Предлог - програма за спорт и рекреација за 2019 година.
- Предлог – програма за млади и невладини организации за 2019 година.
- Предлог - програма за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2019 година.
- Предлог - програма за детска заштита за 2019 година.
- Предлог - програма за социјална заштита за 2019 година.
- Предлог - програма за културни манифестации и творештво за 2019 година.
- Предлог - програма за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво за 2019 година.
- Предлог - програма за работа на Советот на општина Охрид за 2019 година.
- Предлог - програма за енергетска ефикасност за 2019 година.
- Предлог - програма за јавно осветлување за 2019 година.
- Предлог - програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2019 година.
- Предлог - програма други комунални услуги за 2019 година.
- Предлог - развојна програма за изградба на системи за водоснабдување за периодот од 2019 до 2021 година.
- Предлог - програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2019 година.
- Предлог - развојна програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води за 2019 - 2021 година.
- Предлог – програма за изградба на сообраќајна сигнализација за 2019 година.
- Предлог - развојна програма за уредување градежно земјиште за 2019-2021 година.
- Предлог – програма за управување со отпад на општина Охрид за 2019 година.
- Предлог -буџет на единицата на локалната самоуправа за 2019 година.
- Предлог - одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2019 година
- Предлог -одлука за извршување на буџетот на Општина Охрид за 2019 година.
- Предлог - одлука за усвојување на Програмата за тековно работење на МЈП „Проаква“ Струга РЕ „Водовод“- Охрид за 2019 година.
- Предлог - одлука за усвојување на Програмата за тековно работење на ЈП „Нискоградба“ - Охрид за 2019 година.
- Предлог - одлука за усвојување на Програмата за работа на ЈП Градски Пазар - Охрид за 2019 година.
- Предлог – одлука за усвојување на Програмата за работа на ЈП „Охридски комуналец“ – Охрид за 2019 година.
- Предлог – одлука за усвојување на Програмата и планот за работа на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за 2019 година.
- Предлог – одлука за усвојување на програмата за работа и развој на ЈП „Билјанини извори “ – Охрид за 2019 година.
- Предлог – одлука за утврдување на висината на комуналната такса за користење на просторот пред деловни простории за вршење дејност.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Живка Ангелоска |