На работен состанок што денес се одржа во општинската зграда ,
станоиздавачите од Охрид беа информирани за предлог измените во законите за
туристичка и угостителска дејност.
Ѓоко Апостолов од Секторот за туризам и локален економски развој ги
информира присутните за донесените заклучоци од страна на работната
група при Министерството за Економија , а кои се однесуваат на
предлог измените во Законите за туристичка и угостителска дејност. На
состанокот беше укажано дека наредниов период ќе се работи на можноста
нивните барања да бидат инкорпорирани во законот.
Со најавените измени во законите за туристичка и угостителска дејност
вчера беа запознати и претставниците на туристичките агенции и водичите од
Охрид.
|