Висока украинска делегација, предводена од министерот за надворешни работи, Павло Климкин и амбасадорот во Македонија Наталија Задорожњук заедно со македонскиот амбасадор во Украина, Столе Змејкоски денес се во официјална посета на општина Охрид.
Делегацијата ја примија претседателката на Советот Живка Ангелоска, заменик - градоначалникот Константин Георгиески и раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој Ѓоко Апостолов.
На работниот состанок се разговараше за зајакнување на туристичката соработка меѓу , Македонија и Украина и во таа насока се разгледуваа можностите за привлекување поголем број украински гости кај нас. Гостите од Украина беа информирани за воспоставените чартер летови од неколку европски дестинации до охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, а се укажа на можноста за воспоставување на ваква авио линија од Киев до Охрид. Се разговараше за можноста преку балканските тури со автобуски превоз на неколкудневен престој во Охрид да доаѓаат украински туристи.
Гостите од Украина попладнево се во разглед на културно историските знаменитости во Охрид.
|