Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРЕМИЕРНО ПРИКАЖАН ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ „ ДО ИНКЛУЗИЈА- СО СОРАБОТКА“
Untitled Document

Документарниот филм „ До инклузивност со соработка“ во режија на Ана Глигорова, премиерно беше прикажан денеска во Центарот за култура „ Григор Прличев“. Документарецот е во продукција на Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината птица“, а е посветен на активните инклузивни практики на основното училиште „Св Климент Охридски“ од Охрид. На промоцијата на филмот зборуваа градоначалникот Јован Стојаноски, претседателката на здружението „ Сината птица“ Мимоза Петревска и Наташа Танеска, директорка на ООУ „ Св. Климент Охридски“ .

  • -Ме радува фактот што ова охридско основно училиште е вклучено во ваков важен проект и е идентификувано како средина во која се имплементираат позитивни практики во реализирањето на инклузијата на лицата со попреченост во образовниот систем.
    Целта на проектот „До инклузивност со соработка“ е да ги промовира методите за успешно практикување на инклузивното образование во ООУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид.  Станува збор за единствено училиште во општината кое е верифицирано за изведување на воспитно-образовна работа за деца со посебни образовни потреби уште од 1967 година. Поради позитивните резултати постигнати низ годините, ова училиште беше детектирано од тимот на здружението „Сината птица“  како позитивен пример за инклузија од кој би можеле да црпат искуства и другите училишта.   Како сведоштво за добрите практики, големиот ентузијазам , долгогодишните напори на многу  поединци и професионалци,  во градење на една навистина инклузивна клима за сите ученици е резултат и документарниот филм, што премиерно ќе го погледнеме денес.
    Општина Охрид како одговорна локална власт на ова прашање му посветува посебно внимание и во рамките на можностите и законските надлежности ги помага училиштата во создавањето на услови за вклучување на лицата со попреченост во образовниот процес. Мора да се признае дека тој процес е прилично сложен и бара континуирана и ефективна соработка со надлежното министерство за образование и други државни органи. Покрај на овој начин, Локалната самоуправа, континуирано, со доделување на буџетски средства, по однапред спроведен јавен повик, ги поддржува невладините организации кои работат со лица со попреченост во развојот.
    Свесни сме и перманентно се подготвуваме, заедно со другите субјекти, да ги интензивираме процесите , во училиштата да се обезбедат услови за запишување на децата со попреченост во редовното образование, во согласност со нивните потреби, при што секое дете ќе ја добие потребната помош во воспитно-образовниот процес
    - рече градоначалникот Стојаноски.

По премиерата на документарниот филм се водеше дебата на инклузивниот тим на училиштето за нивните искуства  од имплементацијата на инклузијата на лицата со попреченост во образовниот процес.

Прочитано:  1424  пати
Објавено на: 31.05.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©