Осумдесетина ученици од трето и четврто одделение од Основното училиште „ Св. Климент Охридски“ , во рамките на програмата по предметот „ Општество“ ја посетија општина Охрид. Учениците имаа средба со в.д градоначалникот Константин Георгиески и секретарот Игор Бежоски кои одговараа на нивните прашања поврзани со организацијата и функционирањето на Локалната самоуправа.
|