Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВО ОПШТИНА ОХРИД КОНТИНУИРАНО РАСТЕ НАПЛАТАТА НА ТУРИСТИЧКАТА ТАКСА
Untitled Document

Мерките што ги презеде Општина Охрид за развој на туризмот во изминатиот период даваат резултати.
Приходите на наплатата на туристичката такса во буџетот на Општина Охрид континуирано растат.

Секторот за туризам и ЛЕР врз основа на извршените анализи, утврди дека вкупната наплата на туристичка такса за 2018 година од физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем и хотели е зголемена за 14% во однос на 2017 година.

Во Општина Охрид наплатата на туристичката такса од физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем и хотели за 2018 година  изнесува 21.236.895 денари, додека наплатата на туристичката такса од физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем и хотели за 2017 година изнесува 18.562.808 денари.

Прочитано:  140  пати
Објавено на: 29.01.19
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©