Општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“, вечерва, со пригодна свеченост што се одржа во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, го одбележа патрониот празник. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот Јован Стојаноски.
Манифестацијата беше збогатена со богата културно – забавна програма подготвена и изведена од професорите и учениците на ОСУ „Св. Климент Охридски“.
|