Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИЃАНИ ЌЕ СЕ ОБЕШТЕТУВААТ ЗА ШТЕТИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСИТЕ
Untitled Document

Со Одлука на Владата на Република Македонија од 2 октомври 2018 година, на Општина Охрид и се наменети 6.451.013,00 денари за обештетување на граѓаните, чии домови имаа оштетување од серијата земјотреси минатата година.

Претходно општинската комисија изготви Елаборат за сите оштетени објекти, кој беше прифатен од страна на Советот на Општина Охрид. Со овој елаборат беа опфатени 802 објекти на физички и 60 објекти на правни лица.

Во наредниот период ќе биде изработено решение за распределба на финансиските средства, a целата постапка се очекува да заврши за 30 дена.

Прочитано:  363  пати
Објавено на: 29.10.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©