Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ДОМАЌИН НА СИМПОЗИУМОТ „ДЕНОВИ НА ЈУСТИНИЈАН 1“
Untitled Document

 

Секретарот на општина Охрид, Игор Бежоски  се обрати на свеченото отворање на 6-от Меѓународен научен симпозиум „Денови на Јустинијан 1“, што денес се одржа во катедралната црква Св. Софија во Охрид.

- Ако веќе не може во неговата Аја Софија во Константинопол, тогаш, најсоодветно место за научна дебата за првиот император на Источното римско царство, Јустинијан  Први, секако, е охридската Света Софија.
Почитувани организатори на Шестиот  меѓународен научен симпозиум Денови на Јустинијан Први “;
Почитувани универзитетски професори;
Почитувани гости;
Почитувани присутни,
Од името на градоначалникот на Општина Охрид, д-р Јован Стојаноски;од името  на Советот на Општина Охрид  и од мое лично име Ви посакувам топло и искрено добредојде во градот на светлината, светоста и просветата .
Охрид е отворен град за сите.Охрид со широко срце ги пречекува сите намерници кои доаѓаат да уживаат и да се восхитуваат на неговите природни убавини и неговото бесценето културно наследство, а посебно им се радува на оние кои  со своите научно – истражувачки  трудови ја  дополнуваат  неговата просветителска ризница .
Ви посакувам успешна научна дебата на овој реномиран меѓународен научен симпозиум, а, воедно, Ве поканувам да најдете и малку слободно време да уживате во многубројните убавини на нашиот град- подвлече Бежоски.

На настанот пригодни обраќања имаа и проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски- член на организацискиот одбор, проф. д-р  Митко Б. Панов – претседател на Меѓународниот организациски и научен комитет и  претставник од општина Ресен.

На случувањето беше промовиран зборникот на трудови од 5-от Меѓународен симпозиум по што настапи камерниот хор „Херувими“.

Организатори на симпозиумот се Универзитетот, „Евро – Балкан“ од Скопје,  Институтот за национална историја и Универзитетот во Болоња.

Прочитано:  313  пати
Објавено на: 23.11.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©