Со одигрувањето на натпреварите од првото коло синоќа во спортската сала „Билјанини Извори“ започна турниот во кошарка 3х3.
Во групата „А“ постигнати се следните резултати: Жито леб – Охрид Холидејс 3: 15 , Комуналец – Фаворити 0: 2 и Тераса Аквариус – Ноа 9: 11. Во групата „Б“ играа: Кентерс – МТ Интернационал 16: 4, Леарница – Дента медика 3: 15 а натпреварот помеѓу екипите на Ликвид и Општина Охрид е одложен.
На турнирот учествуваат 12 екипи поделени во две групи со по 6 екипи. Ќе играат секој со секоја а првите четири од двете групи ќе направат нова група и се така до финалето. Следниот викенд - во сабота ќе играат: Жито леб – Комуналец, Охрид Холидејс – Тераса Аквариус , Фаворити – Ноа сите од „А “ група а во групата „Б“ во второто коло од турнирот 3х3 ќе се натпреваруваат: Кентерс – Ликвид, МТ Интернационал – Леарница, и Општина Охрид – Дента медика. Третото коло ќе се игра во недела. Познати се и натпреварувачките двојки: Жито леб – Тераса Аквариус, Комуналец – Ноа, Охрид Холидејс – Фаворити, Кентерс - Леарница, Ликив – Дента медика и МТ Интернационал – Општина Охрид.
Организатор на турнирот е ЈП „Билјанини Извори“ а се одржува во пресрет на Седми ноември – Денот на ослободувањето на Охрид.
|