Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ ПРЕЗАКАЖУВА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНИТЕ ЗА ТУРИСТИЧКА И УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ
Untitled Document

Во врска со претходно закажаната јавна расправа за предлог измените на Законот за угостителска и туристичка дејност, а поради новонастаната ситуација со неодложни обврски на претставниците на Министерството за Економија - секторот за туризам и угостителство, ја информираме јавноста а посебно сите заинтересирани страни кои се директно засегнати со измените на Законот за туристичка и угостителска дејност, дека предвидената Јавна расправа која требаше да се одржи на ден 06.03.2018 год истата се презакажува  за 08.03.2018 год. (четврток) со истите термини и локација со следниот

ДНЕВЕН РЕД

1. Предлог измена и дополна на Законот за туристичка дејност
2. Предлог измена и дополна на Законот за угостителска дејност
3. Предлог измена и дополна на Законот за такса за привремен престој
4. Предлог мерки и активности за проблемите со кои се соочува туристичкото стопанство и подобрување на условите за патување на луѓето.
5. Разно

Со недеж дека и Вие со Вашето учество ќе придонесете за предвидените законски измени за подобро работење во областа на туризмот, однапред Ви благодариме, а воедно и се извинуваме за настанатите измени.  

Прочитано:  1364  пати
Објавено на: 05.03.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©