Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАВРШИ 12-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Советнички прашања , беше единствената точка по кој расправаа советниците  на  денешната  Седница  на Советот  на општина Охрид што се одржа по 12-ти пат.

Градоначалникот Јован Стојаноски заедно со  претставници од надлежните служби одговараше на прашања од областа на урбанизмот, образование, спорт, култура и инфраструктура што беа упатувани  до него  од страна на советниците од власта и опозицијата.

На советничко прашање беше истакнато дека за седум месечниот период колку што е на власт актуелниот градоначалник во областа на инфраструктурата на територијата на Охрид направено е многу.

Поставена е канализациона мрежа во должина од 1 300 метри, изградена е нова водоводна линија во должина од 580 метри. Во овој период е завршена реконструкцијата на  улица “Македонија“ од кружниот тек кај градскиот плоштад до пресекот со улица „Јане Сандански“ во должина од 550 метри и ширина од 12 метри.  На улицата „Сирма Војвода“ асфалтирани се неколку краци во должина од 280 метри. Во селото Лескоец асфалтирани се улици во должина од 300 метри, а во село Рача асфалтирани се двата влезови кои водат до ова населено место.

На Седницата беше споделена и информацијата дека ЈП „Градски гробишта“ за шест месеци успеало да го намали наследениот долг за околу 53 илјади евра, а ЈП „Билјанини извори“успеало да го сервисира наследениот долг по различни основи за 3 милиони денари. 

Прочитано:  549  пати
Објавено на: 29.06.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©