Здружението на жени “Бисера“, денес по традиција ги почести градоначалникот, Јован Стојаноски и општинската администрација со вкусна торта која беше претставена на манифестација “Тортијада“ што викендов се одржа во Охрид.
Претставничките од “Бисера“ ги прими градоначалникот на Охрид , Јован Стојаноски кој им посака успешни наредни “Тортијади“ во градов и вети дека Општината во рамки на своите ингеренции и можности ќе ги подржува случувањата од ова здружение со кои градов успешно е претставен и надвор од границите на Македонија. Се разговараше и за останатите проекти и проблеми со кои здружението се соочува и можностите за нивно решавање.
Манифестацијата „Тортијада“ во Охрид се одржува по 22-ри пат и од година во година буди се поголем интерес кај припадничките од понежниот пол. |