Делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот Јован Стојаноски е дел од свеченостите што се организираат по повод одбележување на Денот на општините Котор и Будва, Р. Црна Гора.
Посетата на Црна Гора е на покана на градоначалниците на општините Котор и Будва, Владимир Јокич и Драган Крапович.
По тој повод градоначалникот Стојаноски ги проследи Свечените седница на двете општини и оствари средби со познати претставници од јавниот и политичкиот живот.
Општина Охрид е збратимен град со Будва од далечната 1984 година, а има потпишано протокол за соработка со општина Котор во 2017 година.
|