Општина Охрид во соработка со Црвен крст од Охрид, започна со анкетирање на охриѓани во врска со адаптирањето на улица „Македонија“. Анкетниот прашалник се состои од четири прашања:
- Што е добро/позитивно на улица „Македонија“?
- Што е лошо/негативно на улица „Македонија“?
- Предложете подобрувања!
- Дали градот Охрид ќе има придобивки од адаптирање на улица „Македонија“ во пешачка зона?
Охриѓани ќе имаат можност и во наредните денови да го дадат своето мислење во врска со адаптирањето на улица „Македонија“. Исто така, на општинската веб страна е поставена
АНКЕТА на која граѓаните можат да учествуваат со свои идеи.
Инаку, општина Охрид, преку свои претставници, е учесник на тренинг програмата „Овозможување локална демократија и холистички урбан развој преку SymbioCity пристап“, заедно со претставници од други седум градови од Србија, Украина и Турција.
Програмата е во организација на ICLD и SKL International од Шведска. Охридскиот тим, како урбанистички предизвик во рамки на програмата, ќе го работи проектот ,,Нови хоризонти преку унапредена пешачка зона“, кој всушност се однесува на адаптирање на улица ,,Македонија“ во пешачка зона.
|