Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛА БАКРАЧЕСКИ СО КИНЕСКАТА АМБАСАДОРКА ЈИН ЛИСЈЕН
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на НР Кина во Република Македонија Јин Лисјен. На средбата заеднички беше оценето дека двете држави имаат одлична меѓусебна соработка и дека  таквите односи во иднина ќе се продлабочуваат.

Амбасадорката Лисјен рече дека денеска била во посета на неколку градилишта на автопатот од Кичево до Охрид и дека оваа е нејзина прва протоколарна  средба со македонски градоначалник. Градоначалникот Бакрачески се заблагодари за посетата и нагласи дека изградбата на автопатот е исклучително важен проект за иднината на Охрид и изрази надеж дека , со посредство на амбасадата, ќе се привлекуваат и нови кинески инвеститори.Општина Охрид, како што беше речено, има потпишано протокол и остварува успешна соработка со кинескиот град Далиан и очекува, со поддршка на кинеската амбасада, таа да се продлабочува не само на културен план туку и во областа на туризмот и локалниот економски развој.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1388  пати
Објавено на: 10.03.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©