Советот на општина Охрид на денешната седница ги прифати предложениот заклучок за неприфаќање на нацрт-стратегијата за интеграција на бегалци и странци во Република Македонија за периодот 2017-2027 година и Националниот акционен план произлезен од Стратегијата донесена од Владата на Република Македонија, како и Елаборатот за проценка на штети од земјотрес настанати на подрачјето на општина Охрид на ден 03.07.2017 година.
Беа прифатени предложените одлуки за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во основните училишта во општина Охрид, за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во ОСУ„Св.Климент Охридски“ СОСУ„Св.Кирил и Методиј“ , ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ и ОУТУ„Ванчо Питошески“.
Беа дадени позитивни мислења на програмите за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2017-2018 година на ОУ„Христо Узунов“ , ОУ„Григор Прличев“ , ОУ„Св.Климент Охридски“ , ОУ„Братство Единство“ , ОУ„Кочо Рацин“ , ОУ„Ванчо Николески“ с.Лескоец, ОУ„Живко Чинго“ с.Велгошти и ОУ„Св.Наум Охридски“-с.Пештани, беше дадена согласност за формирање групи во ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ Охрид со помал, односно поголем број деца од законски утврдениот број, а беше прифатена и одлуката за исплата на долгот на ОУ„Григор Прличев“ кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија.
Советниците ги прифатија и предложените одлуки за измени на програмите за спорт и рекреација, за култура и творештво прераспоредување на буџетски средства, извештаите за реализација на развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид 2017 – 2019 за периодот од 01.04. - 30.06.2017 година, за реализација на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.04. - 30.06.2017 година, за реализација на програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2017 година за периодот од 01.04. - 30.06. 2017 година, за работењето на Одделението за даноци за периодот од 01.01. - 30.06.2017 година,за работењето на Одделението за комунални такси за периодoт од 01.01. - 30.06.2017 година, за реализација на програмата за заштита на животната средина и природата за 2017 година за периодот од 01.01. - 30.06.2017 година, за реализација на програмата за одржување на јавна чистота за 2017 година за периодот од 01.04. - 30.06.2017 година, за реализација на програмата за одржување и користење на паркови и зеленило за 2017 година за периодот од 01.04. до 30.06.2017 година, за реализација на програмата за спорт и рекреација за 2017 година за периодот од 01.04. - 30.06.2017 година, за работата на Секторот за образование, детска, социјална и здравствена заштита за периодот 01.01. – 30.06.2017 година, за работењето на Секторот за меѓународна соработка, соработка со УНЕСКО и култура за периодот 01.01. – 30.06.2017 година, за реализација на развојната програма други комунални услуги 2017 - 2019 година за периодот од 01.01. до 30.06.2017 година, за реализација на развојната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици 2017 - 2019 година за периодот од 01.01. до 30.06.2017 година, за реализација на развојната програма за јавно осветлување 2017 - 2019 година за периодот од 01.01. до 30.06.2017 година, за реализација на развојната програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2017 - 2019 година за периодот од 01.01. до 30.06.2017 година, за реализација на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување 2017 - 2019 година за периодот од 01.01. до 30.06.2017 година, за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води 2017 - 2019 година за периодот од 01.01. до 30.06.2017 година, за реализација на развојната програма за изградба на сообраќајна сигнализација за 2017 – 2019 година за периодот од 01.01. до 30.06.2017 година, за реализација на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2017 - 2019 година за периодот од 01.01. до 30.06.2017 година, за реализација на програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2017 година за периодот 01.01. – 30.06.2017 година, за остварување на Буџетот на општина Охрид за периодот од 01.01. до 30.06.2017 година, за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.01. до 30.06.2017 година, за усвојување на дополнувањата на програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2017 година, за измена и дополнување на програмата за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2017 година, а не беше прифатена одлуката за обезбедување на надоместок за експропријација на недвижност.
Извор: www.ohrid.gov.mk |