ЈП Билјанини Извори по повод големиот христијански празник Богојавление -
ВОДИЦИ донесе одлука на ден 19. 01. 2018 година ( петок ) користењето на
услугите на јавниот градски простор со кој стопанисуваме да биде бесплатно
за сите нејзини корисници од 8 до 15 часот.
Одлуката ја носиме се со цел да помогнеме во подобрата организација на
настанот и воедно да им овозможиме на граѓаните на Охрид и на сите гости
поголема можност за присуство на самиот настан.
За многу години !!!
|