Охрид е подготвен за манифестацијата „Езерска средба, Охрид -2018“што ќе се одржи во сабота на 24 март во организација на огранокот на Здружението на ветерани од одбраната и безбедноста на Република Македонија, а под покровителство на градоначалникот Јован Стојаноски. На средбите покрај гости од земјава ќе присуствуваат и претставници на сродни здруженија од Албанија,Бугарија и Србија.
На денешната прес конференција што се одржа по тој повод беа изнесени деталите за случувањата во сабота.
Секретарот на општината, Игор Бежоски се осврна на значењето и придобивките за Општина Охрид од организирање на вакви манифестации.
- Убедени сме дека со оваа манифестацијата, која се организира во рамките на одбележувањето на 10-годишнината од успешната работа на Општинската организација на Здружението на ветераните ододбраната и безбедноста од Охрид, се отвораат нови можности за соработка и промоција на нашиот град во регионот.На „Езерската средба“, како што е најавено, покрај ветераните од западниот дел на Република Македонија, ќе учествуваат и гости од здруженија на ветерани од Република Албанија,Република Бугарија и Република Србија. Имајќи ги во вид бенефитите од организирањето на вакви средби, градоначалникот Јован Стојаноски, ги покани да учествуваат и градоначалниците од градовите околу Охридското и Преспанското Езеро.Тоа ќе биде можност за разговори за резултатите од досегашната, пред се прекугранична соработка, како и за нови заеднички проекти кои би биле поддржувани од европските фондови.Се надеваме дека ваквите средби на ветераните од одбраната и безбедноста ќе прераснат во традиционални, а веројатно ќе ги мотивираат и гостинските здруженија од земјите од соседството да организираат слични манифестации во своите средини – подвлече Бежоски.
Претседателот на Општинската организација на ветераните од одбраната и безбедноста, Добре Вељаноски посочи дека манифестацијата „Езерски средби- Охрид 2018“ започнува во сабота во 9 часот наутро со спортски активности пред бараките наспроти хотел „Гарден“ . Централниот настан на одбележувањето ќе биде Свечената седница што ќе се одржи во големата сала на општина Охрид со почеток во 14,00часот на која е предвидено да се обрати и градоначалниот Јован Стојаносики кој е и покровител на манифестацијата.
На седница ќе учествуваат високи претставници на сродните национални асоцијации од Република Бугарија, Република Албанија и Република Србија. Се очекува и присуство на градоначалници од Струга, Ресен, Дебрца, Вевчани од македонска и Корча, Елбасан, Пешкопија и Берат од албанска страна.
На свечената седница ќе бидат доделени дипломи,благодарници и признанија на соработници, гости и заслужни членови на асоцијациите на ветераните.
За гостите од земјава и странство општина Охрид организира посета и разгледување на културно-историските знаменитости во старото градско јадро.
Манифестацијата - “Езерска средба – Охрид 2018”, се одржува во соработка со локалната самоуправа од Охрид, а под покровителство на градоначалникот, д-р ЈованСтојаноски.
|