Градоначалникот Јован Стојаноски, по повод 8 април - Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница.
-На припдниците на ромската заедница во Охрид им упатувам искрени честитки по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите со уверување дека Локалната самоуправа ќе продолжи со реализирање на определбите за зајакнување на социјалната и економска вклученост на Ромите во вкупните општествени текови. Ромската етничка заедница со нејзините културни специфичности и цврстата определеност за соживот и меѓусебно почитување е важен дел од хуманиот развој на општеството и демократијата. Локалната самоуправа е определена за социјално интегрирање, унапредување на принципите на еднаквост, солидарност, недискриминација и заштита на човековите права на Ромите, стандарди кои се остварливи и се својствени за високоразвиените демократски средини- стои во честитката на градоначалникот Јован Стојаноски, по повод одбележувањето на меѓународниот ден на Ромите. |