Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“, денеска свечено беше пуштен во употреба реновираниот објект „ Развигорче“ . На свеченоста на градоначалникот Јован Стојаноски му беше доделена благодарница, а признанија добија и вработени во ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ .
Активностите во детската градинка во Охрид се дел од регионалниот проект "Изведба на енергетски ефикасни објекти во Југозападниот плански регион" .Вкупната вредност на проектот е речиси 3 милион денари, од кои 2.400.000 се обезбедени преку програмите на Бирото за регионален развој, а 500.000 денари се учество на општина Охрид и ЈОУДГ „ Јасна Ристеска “.
Со средствата од Центарот за развој на Југозападниот плански регион извршена е промена на старата дотраена дрвена дограма со нови пвц прозори и врати, поставена е нова енергетски ефикасна термо фасада на објектот и променети се санитарните јазли, а со средства на општина Охрид и ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ промената е старата канализациона мрежа.
|