Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ТРЕТО ИЗДАНИЕ НА МЛАДИНСКИОТ ШАХОВСКИ ТУРНИР „ЛАСКЕР 2018“
Untitled Document

Во Хотел Филип Охрид, синоќа се одржа свечено отворање на третото издание на Младински турнир „ЛАСКЕР 2018“. На присутните им се обрати пртеседателот на ШК ЛАСКЕР Охрид г-ѓа Наташа Лушеска, од името на Шаховската федерација на Македонија генералниот секретар г-ин Иван Кочовски, а присутните ги поздрави и турнирот го прогласи за отворен градоначалникот на Општина Охрид, Јован Стојаноски.

На отворањето со музичка точка се претставија младата виолинистка Марија Џуклеска, ученичка во Општинското музичко училиште Методиј Патчев од Охрид, во пијано придружба на проф. Даниел Чуркоски.

Од 11 до 14 Октомври секој ден со почеток во 09:30 и во 16:30 ќе одржува натпреварувачкиот дел на  Младински турнир во шах „ЛАСКЕР 2018“. На турнирот учествуваат 96 млади шахисти од Албанија, Бугарија, Србија, Хрватска, Турција и Македонија. Турнирот е во организација на Шаховски Клуб ЛАСКЕР Охрид со подршка од Шаховска Федерација на Македонија, Хотел Белведере Охрид и АРС Ламина Публикација Скопје.

Листата на учесниците може да се погледне на страната на Светската шаховска федерација ФИДЕ на следниот линк: http://chess-results.com/tnr371678.aspx?lan=1

Прочитано:  446  пати
Објавено на: 11.10.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©