По повод Денот на независноста на Република Македонија, денес, во Охрид беше организиран 32. Меѓународен атлетски маратон.
30 километарската патека во машка и женска конкуренција први ја помина кенијците, Марк Кипчумба и Сузан Мутони. Најдобриот во машката конкуренција патеката ја мина за 1 час, 42 минути и 44 секунди, додека најдобрата во женска конкуренција ја мина за 2 часа, 8 минути и 19 секунди.
Сребрениот медал во машка конкуренција му припадна на Словакот Габриел Свајда (1.49.44), а трет финишираше Илир Рудани од Косово (1.51.10). Кај атлетичарките Адријана Поп Арсова од Македонија заврши на втората позиција со време (2.09.13), а третопласирана Сања Најдовски (2.35.35). Најдобар македонски атлетичар беше Александар Кирацоски.
Повторно и оваа година, во рамки на маратонот се одржа и пет километарската трка – трка на Независноста. Прв низ целта во машка конкуренција мина Григоријан Никовски со време од 18 минути и 1 секунда, а во женска Ања Еклер со време 21 минута и 16 секунди.
Медалите на најдобрите им ги врачи градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.
|