Во рамки на активностите за промовирање на Охрид како атрактивна туристичка дестинација, користејќи ги формите и облиците за унапредување и одржлив развој на туризмот, по примерот на Виена, Прага и Стразбур, утре во хотелот „Golden Ring“ во Москва, делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески, во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Москва ќе одржат промотивен настан , каде пред педесетина претставници од туристичкиот сектор во Русија (туроператори и туристички агенции, медиуми, претставници на Руската Асоцијација на туроператори и Федералната Агенција за Туризам) преку видео презентации ќе биде презентирана туристичката понуда на Охрид.
Преку ваквата промоција на туристичките потенцијали, природните и културни знаменитости со кои располага Охрид се овозможува остварување соработка со руските туристички работници за поголема застапеност на Охрид на рускиот туристички пазар.
Извор: www.ohrid.gov.mk |