Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГЕРМАНСКА ДОНАЦИЈА ЗА ОХРИД
Untitled Document

Денес, во магацинските простории во комплексот „КАМ“ Охрид, беше извршено примо – предавањето на вредната германска донација од Здружението на моторџии „Бајкер Бруми Хилфе“. Во име на граѓаните на Охрид, донацијата ја прими градоначалникот, Јован Стојаноски.

  • - Во името на граѓаните на општина Охрид и во мое лично име, изразувам искрена благодарност до организацијата на бајкерите „Бајкер Бруми Хилфе“ од Германија, кои за нашите болници донираа вредна опрема.Посебна благодарност до првиот човек на здружението неврохирургот Д-р. Херман Мунцел , кој е на чело на колоната на овие хумани луѓе, како и благодарност за поддршката од Германската амбасада во Македонија и Јохан Марц, германски  воен аташе во Тирана, Албанија, изјави градоначалникот Стојаноски.

Донацијата се состои од 40 шлепери со хуманитарна помош од кои 19 беа дистрибуирани во Тузла и Горажде во Босна и Херцеговина, 11 се за Призрен, 10 шлепери во придружба на околу 120 моторџии од германското бајкерско здружение пристигнаа во Охрид.
Бајкерите велат дека со нивните хуманитарни акции ги разбиваат стереотипите за „лошите момци“ од постарите филмови и докажуваат дека за нив најважни се семејството, работата и хуманитарниот активизам , па потоа моторите. Тоа се покажа и со оваа хуманитарна акција во Охрид.

Во знак на благодарност, градоначалникот Јован Стојаноски на лидерот на „Бајкер Бруми Хилфе“, Херман Мунзел, му врачи благодарница за оваа хуманитарна акција.

Прочитано:  1487  пати
Објавено на: 10.05.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©