Во понеделник на 15 јануари со почеток во 12 часот во НУ Библиотека
„Григор Прличев“ ќе биде одбележана 150 годишнината од раѓањето на
охридскиот поет и раскажувач Ефтим Спространов. Организатори на настанот се
Општина Охрид и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.
Настанот е дел од Републичката програма за одбележување на значајни
датуми и личности од македонската историја и култура, која неодамна ја усвои
Собранието на РМ. За творештвото на Спространов ќе говори Милчо Јованоски,
новинар и публицист.
|