Општина Охрид - Секторот за туризам и локален економски развој и Канцеларијата за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделието на Општина Охрид, ги известува граѓаните дека согласно насоките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, земјоделците на Општина Охрид кои сметаат дека ниските температури проследени со слана и мраз кои ја зафатија Општина Охрид на 21.04.2017 година им имаат нанесено материјална штета на нивните имоти и земјоделски насади, потребно е за истата да поднесуваат барања до Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Охрид. Краен рок за поднесување на барања е 10 Мај 2017 година.
Земјоделците кои претходно своите барања ги доставија до Општина Охрид – Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди потребно е повторно да достават барања и до Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Извор: www.ohrid.gov.mk |