Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОХРИД ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА БЛЕД, СЛОВЕНИЈА
Untitled Document

Во pамките на европскиот проект LAKtive Tourism и имплементацијата на заедничките проектни активности, претставници од Општина Охрид од Секторот за туризам и локален економски развој и од туроператорот  Виспој од Охрид беа во работна посета на  Блед, Словенија.

Покрај состанокот на проектните партнери, претставниците од Охрид вклучени во проектот остварија средба со Градоначалникот на Општина Блед, Јанез Фајфар и Директорот на градската управа на Општина Блед, Матјаж Берчон. Делегацијата од Охрид присуствуваше и на свеченоста по повод прославата на денот  на Општина Блед.
Градоначалникот на Општина Блед и неговиот тим изразија посебно задоволство од присуството на Општина Охрид во Блед и се разговараше за можностите за унапредување на  соработката помеѓу Охрид и Блед.

Делегацијата од Охрид, имаше и работни средби со претставници од Туристичката заедница од Бохињ и Инфоцентарот од Туристичката организација  од Блед.
Активностите на проектот LAKtive Tourism продолжуваат во Охрид во периодот од 4-8 Мај 2017 год. со реализација на проектната активност Пилот Тест во Охрид. Во Охрид ќе престојува поголема група од туристи сениори од европските проектни партнери, како и неколку Градоначалници од Европската мрежа на езера.
Проектот LAKtive Tourism е од COSME Програмата на Европската Унија –LAKtive Tourism и претставува Европски партнерски проект од повеќе европски земји од Европската Мрежа на Езера

  • Главната цел на Проектот е продолжување на туристичката сезона со целна група сениори. Со Проектот ќе се креира на туристичка понуда  за целна група сениори (55 +) и престој во Охрид вон главната сезона, како и креирање на специфични туристички производи прилагодени за целната група на пректот. (неколкудневни аранжмани кои ќе се продаваат на европскиот туристички пазар со цел привлекување на гости и туристи во ниска и средна сезона, а со самото тоа и за продолжување на туристичката сезона во Охрид).
  • Со овој проект Охрид се промовира во пошироки европски рамки, на нови европски пазари и  ќе се креираат конкретни туристички производи базирани на светското културно и светското природно наследство на Охрид, а притоа ќе се користат европски средства за нивна реализација.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1476  пати
Објавено на: 12.04.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©