Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД ЗАПОЧНА СО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ЕВРОПСКИОТ ПАРТНЕРСКИ ПРОЕКТ IRC- HERMES
Untitled Document

Европските партнери  ја започнаа имплементацијата на Проектот   Interregional Cultural Heritage Management e- System” (IRC HERMeS) со  првата заедничка работна средба која се одржа во Лимасол, Кипар.

На првиот состанок на проектните партнери од Општина Охрид  присуствуваа  Антонио Балески  и  Ѓорѓи Трпески (проектен тим на Општина Охрид). Покрај активностите во согласност со Агендата на оваа работна средба, Општина Охрид имаше и своја презентација за Охрид и неговото значење како светско природно и светско културно наследство.

Проектот IRC- HERMES е дел од програмата Interreg Balkan- Mediterranean на Европската Унија, кој опфаќа пет земји и четири места од УНЕСКО и тоа: Охрид од Македонија, Крф и Самос од Грција и Ѓирокастра од Албанија. Водечки партнер на проектот е Универзитетот за технологија од Кипар. Партнери во проектот: Општина Охрид, Општина Крф, Општина Самос, Општина Ѓирокастра, како и  истражувачки центар од Атина и организација за култура.

Главна Цел на проектот е: дигитализација на културното наследство,  промоција на културното наследство, развој  на културниот туризам и едукација на младите и туристите за значењето на културното наследство

Прочитано:  1451  пати
Објавено на: 12.03.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©