Во поодмината фаза е проектот на општина Охрид за изградба и
поплочување на патеката што води од Саат кулата до старата училишна
зграда на ОУ „Св. Климент Охридски“.
На патеките со должина од 250 и 275 метри квадратни
веќе е поставен тампон со дебелина од 10 до 15 сантиметри и бетонска подлога
со дебелина од 10 сантиметри.
Поплочувањето на едната патека е при крај и се работи на
поплочување на втората патека.
Изведувач на градежните активности е фирмата „Тане 2007“ од Охрид , а
проектот што општина Охрид го реализира во соработка со Центарот за развој
на Југозападниот плански регион чини 3 милиони денари.
Градежните активности започнаа во месец септември и се очекува да
заврши на крајов од оваа календарска година.
|