Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ НА СНИМАЊЕТО НА ФИЛМОТ „ДЕДО И ВНУК“
Untitled Document


Градоначалникот Никола Бакрачески, денес,  присуствуваше на снимањето на филмот „Дедо и внук“ што е во режија на охриѓанецот Илија Пиперкоски. 

Сакам да го изразам своето чувство на задоволство од несекојдневната прилика што ја имав денес, да присуствувам на некои од крајните сцени од снимањето на филмот „Дедо и внук“, во сценарио и режија на нашиот Илија Пиперкоски и продуцентот господинот Антов. Филмот создава одлична можност за промоција и афирмација на Охрид, насекаде каде што овој филм ќе биде прикажуван и гледан. Чинам дека ова е втор филм кој што е целосно снимен во Охрид, после снимањето на филмот „Мирно лето“ во далечната 1961 година и со тоа градот Охрид и граѓаните добиваат една трајна вредност со која што ќе се овековечат многу сцени, времиња и епохи што се прикажуваат во филмот, изјави градоначалникот Бакрачески.

Филмот „Дедо и внук“ целосно се снима во Охрид, поточно на повеќе локации во Стариот дел на градот.

Уште пред да се запишам на студии животна желба ми беше да снимам филм дома. Години работа, години синхронизација и кога за време на снимање на мојот игран филм имам премиера за документарниот филм за Охрид. Немам зборови со кои би опишал како се чувствувам. Работам со извонредна екипа, која беше зад мене додека го снимав документарниот и играниот филм, а исто така работам и со извонредна група на актери, рече режисерот Илија Пиперкоски.

„Дедо и внук“ е филм што обработува една современа тематика за поврзаноста и блискоста во едно семејство.

Му благодарам на актерската екипа, затоа што без нив, но и без нас овој филм немаше да успее. Посебно сакам да се заблагодарам на граѓаните на Охрид, за сите отворени порти што ги имавме за време на снимањето, изјави продуцентот Антов.

Се очекува филмот да биде целосно завршен до крајот на годината и најверојатно својата промоцијата да ја  има на филмскиот фестивал во Берлин.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1393  пати
Објавено на: 13.05.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©